Страницата е независен проект на Коста Стаматовски. Поттикнат од честото интернет побарување на начин за внесување на буквите со надреден знак, со намера за поедноставување на таа операција, како и со желба за што поширока правилна и правописна употреба на македонскиот јазик, ја изработив оваа едноставна веб-алатка.
Сѐ што треба да направите е да кликнете на буквата која ви е потребна и таа автоматски ќе се ископира и ќе можете да ја вметнете во текст.